22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ЗДРАВЈЕ

Магична состојка: Намирница која најмногу го одложува стареењето

Откритијата на американските научници од Универзитетот во Вашингтон укажале на тоа дека соединение кое се наоѓа во брокулата може да одложи некои типични знаци на стареење.

Експериментите спроведени врз глувци покажале дека соединението наречено NMN (никотинамид мононуклеотид) може да ја одложи појавата на мускулно-скелетни потешкотии кои се јавуваат во доцната животна доба и има позитивен ефект на функцијата на црниот дроб.

Освен тоа, NMN е поврзан со подобрување на метаболизмот, поспоро редуцирање на густината на коските и помалку изразено слабеење на функциите на очите.

Освен брокули, намирниците кои се најдобри избори на NMN се зелка и авокадо.