23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: На младите не им се потребни картички со попусти туку нормални услови за работа

Пресовите на СДСМ стануваат сè повеќе очајни. Две години отккао се на власт немаат ништо сработено, па поради тоа смислуваат лаги за да ја манипулираат македонската јавност. Се фалат со големи мерки кои ја намалиле невработеноста во државата, но единствена мерка за овие две години е забрзаното иселување на младите, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата на СДСМ.

„Промовираат младинска картичка која навидум ќе помогне на младите, а која како реална придобивка нуди минимални попусти во скапи локали. СДСМ досега требаше да сфати дека на младите луѓе не им се потребни картички со попусти туку нормални услови за работа како нивните врсници од развиениот свет. За две години сиромаштијата се искачи на 500.000 граѓани кои секој ден мака мачат за да преживеат. Невработеноста во Македонија е највисока во регионот, а не најмала.

Привидот дека имаме раст од 4,1% во првиот квартал од 2019 година е резултат на фактот што лани во истиот квартал стапката на раст беше исклучително ниска – 0,9%. Стапката на економски раст за секој квартал се мери споредбено со истиот квартал од претходната година.

За овие две години капитални инвестиции нема воопшто, тоа и граѓаните го забележуваат. Заев и неговата криминална банда не изградија нови градинки, нови училишта, нови спортски сали со кои ќе го подобрат квалитетот на живот на македонските граѓани.

Граѓаните секој ден сè повеќе се иселуваат по потрага за нова работа и подобри услови за живот. Џебовите на граѓаните стануваат сè повеќе празни, додека џебовите на Заев и на неговите сопартијци стануваат пополни.

Но граѓаните ги препознаа лагите на СДСМ бидејќи на свој грб ја почувствуваа сиромаштијата, и економијата која секојдневно тоне. СДСМ и Заев се причината затоа што им се случува. Време е СДСМ и Заев да си заминат од власт.