Centar.mk
МОЗАИК

Русин се спасил од мечка одгризувајќи ѝ дел од јазикот

Жител на руската република Тува во јужниот дел на Сибир успеал да се избори со една мечка, одгризувајќи ѝ дел од јазикот, соопшти портпаролот на Министерството за внатрешни работи на републиката, пренесува „Спутник“.

Инцидентот се случил на 2 јуни кога тројца жители на Тува биле во шумата на територијата на природниот резерват Хутински во областа Пи-Кем. Тие запалиле оган, готвеле храна и собирале еленски рогови во блиската шума.

Еден од мажите имал ненадејна средба со мечка. Тој почна гласно да вика да го заплаши животното, но мечката го нападнала. Меѓутоа, тој се покажа како тежок плен и успеал да ѝ одгризе дел од јазикот на мечката, принудувајќи ја да се повлече во шумата.

Потоа човекот успеал да ги повика своите пријатели на помош, а тие, пак, побарале брза помош. Човекот бил хоспитализиран со повреди на лицето, главата, рацете и на абдоменот.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМ ДНЕВЕН ХОРОСКОП ЗА 10 НОЕМВРИ – Некои знаци ги очекува финансиска можност, други важна љубовна одлука

ДЕСК

Полисата за осигурување на „Титаник“ оди на аукција, се очекува да достигне цена од 50.000 фунти

ДЕСК

ВРЕМЕТО НА МИТРОВДЕН ОТКРИВА КАКВА ЗИМА НÈ ЧЕКА – Старо верување предупредува: Кој вечерва не спие во својот дом, цела година ќе спие по туѓи куќи

ДЕСК