Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите преку создавање и имплементирање младински политики и мерки кои го олесеснуваат животот на младите. Веќе од следниот месец започнува проектот „Европска младинска картичка“ која ќе ги доближи младите до европските услови и вредности, соопшти СДСМ.
„Европската младинска картичка која ќе можат да ја добијат сите млади од 15 до 29 години овозможува младите да остваруваат поволности и придобивки во секојдневниот живот во делот на попусти при посети на културно-уметнички настани, туристички центри, спортски настани, транспорт, едукација, спорт и доусовршување.
Веќе се склучени меморандуми за соработка со над 300 субјекти (кафулиња, ресторани, театри, киносали, транспорт, центри за едукација и развој, спортски центри и други) кои за младите ќе обезбедат одредени попусти на нивните услуги.
На овој начин ќе се намалат трошоците на младите, но и ќе се овозможат поволни услови за личен развој на младите во делот на спортот, културата, образованието.
Владата предводена од СДСМ заедно со сите надлежни институции постојано работи за унапредување на условите и стандардите за младите.
Продолжува спроведување на сериозни младински политики кои го подобруваат животниот стандард. Преку Гаранцијата за млади што годинава се спроведува на целата територија на државата илјадници млади имаат можност за доквалификација, платена пракса или вработување, а со проектот „Европска младинска картичка“ ќе се намалат трошоците за живот на младите за транспорт, едукација, култура и спортување.
Владата предводена од СДСМ продолжува со вистинска грижа за младите кои се врвен приоритет“ се наведува во партиското соопштение.