13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

„Invest North Macedonia“ по втор пат на „АнгаКом“ во Германија

Со директна поддршка на домашните ИКТ компании за нивно претставување и изнаоѓање на потенцијални бизнис партнери од Европа и пошироко „Invest North Macedonia“ учествуваше на најголемиот „АнгаКом Егзибишн и Конференс 2019“ за ИКТ индустрија кој се одржа во Келн, Германија.

Саемот за широкопојасен интернет, медиуми и интернет започна на 4 јуни со рекорден број на над 500 изложувачи – компании учесници на саемот од цел свет како и 21.700 посетители заклучно со 6 јуни кога завршува настанот.

Во склоп на националниот штанд под логото на „Invest North Macedonia“ беше обезбеден простор за одржување на Б2Б средби на претставници од Агенцијата за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Северна Македонија, домашните компании учесници на саемот со претставници на водечки европски и светски компании од ИКТ индустријата за презентирање поволната бизнис клима и условите за инвестирање за една од најбрзорастечките индустрии во земјата.

Во рамки на саемот беше одржана и „АнгаКом“ конференција за широкопојасен интернет, телевизија и интернет на која учество земаа повеќе од 180 говорници и презентери со одржување на 4 различни самити: The International Content Summit, the International CTO Summit, the German Broadband Summit and the German Media Summit.

Директорот на Агенцијата, Вулнет Адеми истакна дека оваа година штандот на „Invest North Macedonia“ беше еден од најпосетените, а дел од странските компании, со кои минатата година беше остварен првичен контакт имаа можност оваа година да се информираат и да закажат посета на земјава со цел финализирање на својата одлука за инвестирање и пронаѓање на свои партнери за соработка.

Спонзорирано: