Од утре под влијание на топла воздушна маса од југ следува период на значително потопло време. Локално во попладневните часови ќе има краткотраен пороен дожд проследен со грмежи и услови за изолирана појава на град.
Прогноза за 08.06.2019
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 28°С до 35°C
Сончево и значително потопло со мала до умерена облачност. УВ=9
Прогноза за 09.06.2019
Минимална температура: 12°C до 20°C
Максимална температура: 26°C до 34°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. Кон крајот на денот со краткотраен локален дожд. УВ=8
Прогноза за 10.06.2019
Минимална температура: 11°C до 19°C
Максимална температура: 23°C до 33°C
Сончево со мала до умерена облачност. Попладне со локален пороен дожд и грмежи. УВ=8