25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев до министрите и директорите: Проверете во фиоките кои предмети не ви се решени

Проверете во фиоките кои предмети не ви се решени. Видете ги сите предметите за кои сте рекле „не“ како може да им кажете „да“ на граѓаните. Да растат одговорноста, транспарентноста и отчетноста, апелираше премиерот Зоран Заев до министрите, директорите и до јавната администрација по прашањата упатени денеска откако заврши првата сесија на форумот „Две години Влада – одговорно пред граѓаните“.

Премиерот на бизнис заедницата и порача дека сега е вистинскиот момент.

– Носете одлуки за инвестици, работниците мора да ја зголемат продуктивноста, земјоделците сега треба да ги донесат одлуките. Здравствените работници – поголема грижа, поголема отчетност, јавна плата примате, а ние сите сме пациенти. Образованието мора да оди напред. Мора ние како држава и општество да направиме квантен скок – порача меѓу другото Заев.

Тој потенцира дека треба да им се даде шанса на судиите. Им порача дека не должат никому.

– Делете правда за сите. Истовремено мора да има солидарност. Еднаков кавлитет за живот за сите граѓани и фер шанса за сите граѓани – истакна премиерот Заев.

Со форумот „Две години влада – отворено пред граѓаните“, Заев, заедно со останатите заменици претседатели и министри во Владата, денеска и овозможи на јавноста и граѓаните да ги изразат своите мислења, коментари, сугестии, предлози и критики за работата и политиките на владата.

Претседателот на Стопанската комора на северозападна Македонија, Неби Хоџа го праша Анѓушев до каде де изградбата на автопатот Скопје-Блаце и дали смета дека периодот за изградба до 2025 година е многу долг со оглед што може да придонесе за растот на БДП, а го праша и за инфраструктурните проекти во индустриската зона Визбегово. Анѓушев се согласи дека автопатот треба да се реализира многу порано, но додаде дека е потребно целосно да се заврши техничката процедура за, како што рече, да нема проблеми како на другите автопатиште што се во градба.

За Уранија Пировска, извршна директорка на Хелсиншки комитет, во следните две години оваа Влада треба да покаже дека има можности и капацитети да ги иммплементира донесените реформски закони. Според неа, во земјава импелентацијата на законите е најголемиот проблем.