24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Заев: Не влегов во политика за да си го гледам раатот

-Струмичани имаат една изрека „Глеј си раатот“, ја во политиката не влеог да си го глеам раатот, кажа премиерот Зоран Заев на трибината која се одржува по повод две години од формирањето на Владата.

-За две години ги затворивме сите отворени прашања, преземавме одговорност што никој не сакаше да ја преземе цели 3 децении. Го зачувавме македонскиот идентитет. Сега граѓаните чекаат јасен потег од Европската унија, рече Заев.

Единствено што не интересира е иднината, напомена Заев, додавајќи дека е време на светот да му покажеме друг Балкан кој на соседите гледа како на пријатели и е концентираран на просперитетот на граѓаните.

-Со поглед светoт кон минатото можеме само да изгубиме, рече тој.

Како успеси кои Владата ги спровела во досегашниот мандат, Заев ги наброја усвоените закони од социјалната сфера, од правосудството, зголемената транспаретност на Владата и зголемување на слободата на медиумите, намалената невработеност под како што рече психолошката граница од 20 проценти и рекордните странски инвестиции.

Заев говореше и за моделот – едно општество за сите за почитување на сите заедници. Овој модел ќе продолжи се додека не се урне и последниот ѕид пред секој граѓанин кој му оневозможува да стигне до своите права.

-Пред две години бевме на работ на провалијата, а владеачката партија тогаш повикуваше на „Ноќ на долгите ножеви“, кажа Заев. Денеска две години подоцна НАТО заседава во Скопје, напомена Заев, најавувајќи ја посетата на Столтенберг и Северноатланстскиот совет.

На трибината зборуваше вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи кој најави дека 2019 ќе биде историска година „која генерации ја чекаат 20 години“, затоа што годинава во јуни или во јули ќе се донесе одлука за почеток на преговорите со ЕУ.

-И најскептичните не треба да се сомневаат затоа што сме единствената држава која нема нерешено прашање со соседите, рече Османи.

Говореа и вицепремиерката и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовки. Последен од говорниците во оваа сесеија е вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев.

На Трибината се присутни претставници од граѓанскиот сектор, академската заедница кои по говорите ќе имаат можност да постапуваата прашања до владините претставници.