Centar.mk
МАКЕДОНИЈАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

МВР со важна вест: Сообраќајот на овие булевари во Скопје ќе се пренасочува

На ден 01 и 02.06.2019 година (сабота и недела) на бул.„Партизански Одреди“ во раните утрински часови ќе се отпочне со изведување на градежно-монтажни работи за поставување на гасоводна цевка со попречен ископ кај крстосница помеѓу бул.„Партизански Одреди“, ул.„Манапо“ и ул.„Лондонска“.

Од тие причини Одделението за Безбедност на патниот сообраќај ќе превземе мерки за посебен режим на сообраќајот по горенаведените сообраќајници во град Скопје, при што сообраќајот по бул.„Партизански Одреди“ во насока на движење од Ѓорче Петров кон Центар ќе се пренасочува лево по ул.„Љубљанска“ кон бул.„Илинден“ и десно по ул.„Московска“ кон ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“, а сообраќајот што се движи од Центар кон Ѓорче Петров ќе се пренасочува десно по ул.„Бледски Договор“ кон бул.„Илинден“ и лево по ул.„Париска“ кон ул.„Прашка“.

За таа цел МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по посочените сообраќајници.

Можеби ќе ве интересира

Серија апсења на повеќе локации низ Скопје – Дел од уапсените се од други градови

ДЕСК

Тешка сообраќајка вечерва – Овој патен правец во целост затворен за сообраќај

ДЕСК

Утре е голем празник со црвени букви – Православните Христијани го празнуваат Митровден

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.