Агенцијата за супервизија на капиталното финансирано пензиско осигурување (МАПАС) и трите пензиски друштва – КБ Прво пензиско друштво АД Скопје, Сава пензиско друштво а.д. Скопје и Триглав пензиско друштво АД Скопје, врз основа на добиената согласност и безрезервната поддршка за соработка од страна на Универзитетот„Св.Кирил и Методиј“ во Скопје, реализираа промотивно-едукативен настан во кругот на универзитетот како дел од активностите по повод спроведување на Деновите на финансиска писменост МАЈ 2019 година.
Од МАПАС истакнуваат дека реализација на настанот била успешна со оглед на тоа што успеале да анимираат голем број млади кои ги завршуваат своите студии и им претстои вработување.
„Го поттикнавме интересот на младите да го погледнат едукативниот флаер со информации за задолжително пензиско осигурување, втор столб во кој истите треба да се идни членови со нивното прво вработување. Информациите од флаерот ги заинтересираа младите и тие ги посетија штандовите и дополнително добија одговор на поставените прашања“, велат од МАПАС.