Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ : Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи

Владата на СДСМ пак излажа. Датум за преговори со ЕУ и оваа година нема. СДСМ сега и со промена на име на државата нема да почне преговори поради тоа што нема реформи, се вели во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Заев треба да знае дека во ЕУ не се оди со партизирана администрација и непотизам од енормни размери.

„Во ЕУ не се оди со руинирано здравство и лошо образование.Во ЕУ не се оди со јавен долг кој за една година порасна за над половина милијарди евра. Во ЕУ не се оди со криминални тендери во четири очи кои ги добиваат партиски послушници. Во ЕУ не се оди со рекет на бизнисите и ограбување на граѓаните. Сè додека Заев е премиер Македонија нема да добие датум за преговори со ЕУ”, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК