Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

20-годишна девојка во Неготинско тешко повредена со сообраќајка

20-годишна девојка е тешко повредена во сообраќајна несреќа во Неготинско. Според полицијата, вчера во 23:20 часот во село Пепелиште, Неготинско, патничко возило „ауди“, управувано од К.Д.(18) од с.Пепелиште, удрило во пешакот С.А.(20) од село Пепелиште.

Притоа, С.А. се здобила со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Здравствениот дом во Кавадарци. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полициската станица Неготино.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: СДСМ со граѓаните ќе стави крај на предавствата на ДПМНЕ-ЗНАМ

ДЕСК

СДСМ: Контра Резолуцијата е признание на ДПМНЕ-ЗНАМ дека постои договор мигранти за пари

ДЕСК

Жена заврши во полициска станица оти возела со 2,63 алкохол во крвта – Полицијата приведе повеќе пијани возачи

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.