2. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Заев ги лажаеше граѓаните дека ќе го намали данокот за парното

Владата на Заев е синоним на неисполнети ветувања и лажење на народот. Владата на СДСМ вети поевтино парно и не се исполни. Со пуштање во собраниска процедура законот за измена на ДДВ не се предвидува намалување на ДДВ за парното“ реагира опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ.

„Зоран Заев ги лажеше граѓаните дека ќе го намали данокот за парното. Дваесетина дена откако излажа, и ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе поднесе амандман на законот и тие истрчаа да го направат тоа.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи амандманот за намалување на данокот на додадена вредност за парното, кој е резултат на нашата реакција и притисокот од јавноста.

СДСМ по којзнае кој пат докажа дека не го интересира животот на граѓаните, освен лични кариери на поединците од власта“ обвини партијата.

Можеби ќе ве интересира

Синоптичарите со нови предупредувања, се очекува НЕВРЕМЕ во поголем дел од Македонија со пороен дожд, грмежи, а некаде и град – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Метеж на границите: на Табановце и Богородица се чека по 45 и 30 минути

C +

Арсовска до Ганиу: Сакаше да ги видиш сите 150 небезбедни згради, нема проблем, ќе ги видиш и ти и цела Македонија

C +