23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Jавно предавање „Јас и буџетот на општината – направете вашиот глас да се слушне„

Денеска, 23-ти мај 2019 година, на Економскиот Факултет во Скопје, мрежата ФИСКАСТ организираше настан јавно предавање „Јас и буџетот на општината – направете вашиот глас да се слушне„ со цел да се поттикне дискусија за Значењето, формите и потребата од партиципативното буџетирање во општините. Јавното предавање е во рамки на проектот „Мои пари, моја одговорност: Партиципативно буџетирање во општините“ спроведувана од мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ, поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество.

На јавното предавање свое обраќање имаа:
• Благица Петрески, Извршен директор на Finance Think и координатор на мрежата ФИСКАСТ
• Едвард Гонзалес, директор на канцеларијата на УСАИД во Северна Македонија
• Александар Наумовски Градоначалникот на општина Ѓорче Петров
• Борче Треневски – Економски Факултет Скопје и
• Неда Малеска Сачмароска, извршен директор на Центар за Управување со Промени, Скопје

На настанот се дискутираше за значењето, формите и потребата од партиципативното буџетирање; управувањето со финансиите и транспарентноста на ЕЛС на Општините во земјата, преглед на актуелните состојбa; примена на партиципативното буџетирање, искуства и предизвици и отворена дискусија со присутните граѓани, експерти и учесници на настанот.

Тереза Кочовска, финансиски менаџер на мрежата ФИСКАСТ истакна: „Активното учество на граѓаните во процесот на креирање на буџетот на општината е значаен за соодветна приоритизација на проектите и алоцирање на средствата согласно потребите на граѓаните. За успешното спроведување на процесот на партиципативно буџетирање потребн е да се исполнат следниве предуслови: Политичка волја на градоначалникот и на другите членови што учествуваат во донесувањето одлуки во општините; Присуство и интерес на граѓанските организации и на граѓаните, генерално; Јасни правила што го водат процесот; Подготвеност за градење капацитет на населението и на општинските практичари“

Проектот на УСАИД за граѓанско учество преку три-годишна соработка ја поддржа мрежата на граѓански организации ФИСКАСТ во процесот на подобрување на праксата и учеството на локалните засегнати страни во процесот на локално буџетирање и зголемување на ефикасноста на трошењето на општинските пари. За повеќе информации за ФИСКАСТ, посетете: http://www.fiscast.mk/.