23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВМРО-ДПМНЕ е симбол за провизии, криминал и пустош, денес се реализираат 80 проекти во инфраструктурата со вкупна должина од 500 километри

– Она што Владата на СДСМ го има направено за само 1,5 година е повеќе од она што ВМРО-ДПМНЕ го направи за 11 години, реагираат од СДСМ.

– 11 години на ВМРО-ДПМНЕ им беа побитни провизиите и личното богатење и зад себе оставија пустош и патишта со бројни пропусти кои дополнително ги зголемија трошоците за нивна изградба.

Автопатот Кичево – Охрид, како и автопатот Миладиновци – Штип за кој денес лицемерно зборуваат се симбол на неспособноста, корупцијата и криминалите на ВМРО-ДПМНЕ.

За 3 години ВМРО-ДПМНЕ од автопатот Миладиновци – Штип не направи ниту половина, помалку од 50 отсто, а дополнително остави бројни пропусти и проблеми, меѓу кои:

• 24 далноводи поставени на самиот автопат (фотографија во прилог).
• Незавршени процеси на експорпријација на приватен имот.
• Непредвидени никакви сервисни патишта за граѓаните кои живеат долж патот.
• Без соодветни приклучоци
• Без заштитна ограда
• Замислени патарини без да има дозвола за градба, без експропријација

Тоа е само дел од хаосот што го остави ВМРО-ДПМНЕ кој беше експрено надминат.

За разлика од таквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ, за само една година од мандатот на СДСМ, автопатот Миладиновци-Штип целосно е завршен. Решен е процесот на експорпријација, поставени се заштитни мрежи, а во моментов се градат сервисни патишта и се прави поврзување на натпатниците.

Одговорниот однос на Владата предводена од СДСМ во делот на инфраструктурата се гледа и во тоа што истата фирма која го гради автопатот Миладиновци – Штип за експресниот пат Крупиште – Кочанио дала трипати пониска цена за градежни материјали и изградба.

Во моментов, се реализираат 80 проекти на изградба и реконтрукција на патишта во вкупна должина од 500 километри, а за првпат по 30 години истовремено се градат четири моста.

Криминалната ВМРО-ДПМНЕ може само да учи како се работи и како се гради по план, се вели во соопштението на владејачката СДСМ.