Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Преминот кон јавно-приватно партнерство во здравството не значи повеќе трошоци за пациентите

Очаен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да манипулира со граѓаните, здравствените работници и пациентите, велат од владејачкиот СДСМ како реакција на прес-конференцијата на Димче Арсовски, кој повика министерот Венко Филипче да повлече сомнителен тендер за стерилизизација вреден над 13,7 милиони евра.

Според СДСМ, промената од досегашниот модел на функционирање и преминот кон јавно-приватно партнерство нема директно да ги засега пациентите во поглед на финансии, односно пациентите нема да имаат дополнителни трошоци.

„ВМРО-ДПМНЕ лаже дека ќе има отпуштања од работа на моментално вработените, напротив, не само што ќе нема, туку предвидени се нови, дополнителни вработувања, со плати на повисоко ниво до досегашното“, се наведува во партиската реакција во која се додава дека очајни се обидите на опозициската партија, реформите и унапредувањето на здравството да ги прикаже дека се на штета на граѓаните.

„Трошоците за стерилизација кои досега се издвојуваа од сметката на Фондот за здравство и беа исплаќани на паушално ниво кон болниците кои имаа потреба од стерилизација за хируршки интервенции, со воведувањето на принципот на јавно-приватно партнерство ќе бидат оптимизирани и контролирани, по број на реализирани стeрилизации, обновена опрема, дезинфекција и потрошен материјал“, појаснуваат од СДСМ истакнувајќи дека квалитетот на опремата што ќе се користи ќе биде зголемен, а сегашната опрема која е стара ќе биде сменета со нова.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

ДЕСК