Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Средба на претседателот Пендаровски со Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, денеска го прими Неговото Височество принцот Едвард, грофот од Весекс, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Посакувајќи му добредојде во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски изрази задоволство од посетата на Неговото Височество, оценувајќи ја како потврда за силните врски меѓу Република Северна Македонија и Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска.

Претседателот Пендаровски изрази благодарност за севкупната британска поддршка за Северна Македонија и изрази очекување дека во иднина таа ќе се продлабочува и проширува.

Претседателот Пендаровски го запозна принцот Едвард со приоритетите во неговата работа во следните пет години, со цел обезбедување на севкупниот напредок на земјата и реализирање на стратешките цели на државата – членство во Европската унија и во НАТО. Претседателот Пендаровски посочи на потребата од подобрување на перспективите за младите, преку стипендирање на студентите и истражувачите, поддршка за научниот и технолошкиот напредок на државата и преку поддршка на младински иницијативи, а со цел спречување на одливот на мозоци од земјата.

Здрава животна средина е право на секој граѓанин на Република Северна Македонија, затоа претседателот ќе работи на подигнување на свеста и ќе ги поттикнува надлежните да обезбедат еколошки чиста средина.

На средбата Неговото Височество принцот Едвард изрази задоволство од можноста по втор пат да ја посети Република Северна Македонија и на претседателот Пендаровски му честиташе за стапувањето на функцијата, посакувајќи му успех во неговата работа.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Со новите извешати на УЈП и Царина може да констатираме дека периодот на консолидација заврши, следува период на раст на економијата во државата

ДЕСК

Обезбедени 42,3 милиона денари финансиска поддршка за ранливите потрошувачи на струја

C +

Мицкоски: За младите предвидовме проширен опфат за оперативниот план за отворање на бизниси и бесплатен пристап до научни списанија како дел од проектите кои се работат

ДЕСК