24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Заев: Насилството врз жените не е само женско прашање, мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото

Денеска во Владата на Република Северна Македонија се одржа настан на којшто се презентираа резултатите од Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените во нашата земја. Пред почетокот на настанот претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, Шефот на мисијата ОБСЕ во Република Северна Македонија, Клеменс Која и специјалната советничка за родови прашања во ОБСЕ, Амарсана Дарисурен дадоа кратки изјави за медиумите.

Во продолжение ви ја пренесуваме изјавата на премиерот Заев во целост.

„Денеска ја имаме честа заедно со Шефот на мисијата на ОБСЕ во Република Северна Македонија, Клеменс Која, да го отвориме овој важен настан за идниот развој на нашето општество еднакво за сите, на кој заеднички ќе дебатираме за резултатите од Извештајот на ОБСЕ за благосостојбата и безбедноста на жените во нашата земја.
Насилството врз жените е неприфатливо и претставува кршење на основните човекови права.

Ние како Влада ветивме пред граѓаните на Република Северна Македонија дека ќе работиме на унапредување на човековите права и затоа сме посветени на системско унапредување на родовата еднаквост и елиминирање на сите форми на насилство врз жените.

Работиме на јасни и недвосмислени законски решенија со коишто се спречува насилството и се штитат жените жртви на насилство. Владата на Северна Македонија ја ратификуваше Конвенцијата на Советот на Европа за спречување и борба против насилството врз жените и домашното насилство (Истанбулска конвенција), а во октомври лани го усвои Акцискиот план за спроведување на конвенцијата за периодот од 2018 до 2020-та година.

Исто така се унапредуваат потребните услуги за поддршка и заштита на жените жртви на насилство. За првпат е отворен Центар за жртви на сексуално насилство во кој жртвите ќе добијат психосоцијална поддршка и помош за нивна ресоцијализација и реинтеграција, како и три центри за упатување на жртвите на сексуално насилство, лоцирани во здравствени установи во Скопје, Куманово и Тетово.

Насилството врз жените не е само женско прашање, туку прашање кое се однесува на секој еден од нас.

Токму затоа мора да работиме заеднички и да ставиме крај на истото. Тоа е еден процес којшто трае и верувам дека резултатите во нашата земја ќе бидат се подобри.