11. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Стево Пендаровски си замина од престижната функција во Владата, еве кој ќе го замени

Владата му утврди престанок на функцијата, на досегашниот национален координатор за подготовка на Република Северна Македонија за членство во НАТО, Стево Пендаровски, поради изборот за Претседател на Република Северна Македонија, согласно член 83 од Уставот, според кој должноста Претседател на Републиката е неспојлива со вршење на друга јавна функција, професија или функција во политичка партија.

На владината седница е усвоена информацијата дека до целосно полноправно членство на нашата земја во НАТО, обврските на Националниот координатор за подготовките на Република Северна Македонија за членство во НАТО ги презема Дане Талески, советник за надворешна политика на Претседателот на Владата, Зоран Заев.

Можеби ќе ве интересира

Земјотрес ја стресе Македонија: Позната јачината и епицентарот

ДЕСК

Мицкоски: Во првите 6 месеци извозот расте повеќе од увозот- очекувам и натаму да се намалува трговскиот дефицит

ДЕСК

Мицкоски за изјавите дека УЧК имала праведна борба- Не може убиства од заседа да се праведна борба, нека не се игра на картите на ДУИ за поделби

ДЕСК