25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Загина жител на село Локвени, му се превртел тракторот и го потиснал

Загина жител на селото Локвени на кој му се преврел тракторот и го потиснал. Како што информира полицијата, несреќата се случила вчера околу 18,30 часот во близина на манастирот ,,Свети Атанасие“, во атарот на село Локвени.

Додека Н.З. (31) од село Локвени управувал трактор ,,фиат“ со кој се движел по ридот во близина на патот од село Локвени кон манастирот ,,Свети Атанасие“, во еден момент од засега непознати причини тракторот се превртел, при што Н.З. бил потиснат под возилото.

Во близина на местото се нашле две лица коишто го извадиле повредениот и се упатиле кон Градската болница во Прилеп, но во близина на село Врбјани, повредениот им подлегнал на повредите. Смртта е констатирана од лекар. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од ПСОН Прилеп и се работи на целосно расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: 4 години локална власт на ВМРО-ДПМНЕ, се градеше и реконструираше патна и подземна инфраструктура, училишта и градинки, спортски центри и терени, градски пазари, пречистителни станици

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: ДУИ не се Албанците, Албанците се срамат од нив – ДУИ се криминалот и корупцијата кои се поразени

ДЕСК

Левица: Надлежните ресори во Министерството за одбрана да преземат мерки за расветлување на скандалозниот конкурс за офицери

ДЕСК