25. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Скопје: 25-годишна девојка хоспитализирана со убодни рани во стомакот

25-годишна девојка била хоспитализирана во Скопје со убодни рани во стомакот. Како што информира полицијата, вчера околу 17,30 часот во Единицата за известување и команда Скопје од Ургентен центар Скопје пријавено е дека кај нив била донесена повреденa В.М.(25) од Скопје која имала убодна рана од остар предмет во пределот на абдоменот.

Според нејзин исказ по претходна расправија со сопругот во нивниот дом, таа се самоповредила со нож во пределот на абдоменот.Со возило на Итна медицинска помош е пренесена во Ургентен центар, каде и се констатирани тешки телесни повреди и е задржана на понатамошно лекување.Се работи на целосно расчистување на случајот, информира МВР.

Можеби ќе ве интересира

Апсења низ Македонија во голема акција, паднаа и притвори – еве ги деталите

ДЕСК

ЗНАЧИТЕЛНИ ПРЕСВРТИ СО ВРЕМЕТО: Температури до 38°C, најавено е и невреме со пороен дожд, грмежи и ветер

ДЕСК

Алиу со директорите на Клиниките за кардиологија и кардиохирургија: Заеднички ги разгледуваме тековните предизвици и можностите за унапредување на условите во дејноста

ДЕСК