Новиот претседател на Републиак Северна Македонија, Стево Пендаровкси ја положи и потпиша заклетвата во Македонското собрание. На свечениот чин, тој порача дека ќе биде претседател на сите граѓани, без разлика на нивната етничка или политичка определба.
Речиси да не постои една држава којашто е толку мала, а која е поделена по толку основи. Повеќе нема да го дозволам тоа, вели Пендаровски.
Покрај соработка со опозицијата, Пендаровски најави соработка и со граѓанскиот сектор, кој според него досега бил маргинализиран.