Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Црвенковски на инаугурацијата на Стево Пендаровски

Вилма Трајковски, сопругата на покојниот претседател Борис Трајковски, како и поранешните претседатели Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов присуствуваат на инаугурацијата на новиот шеф на државата Стево Пендаровски во Собранието. Пендаровски даде свечена заклетва и се потпиша на уверението.

Присуствуваа и верските лидери Г.Г. Стефан и Сулејман Реџепи како и другите верски лидери. Таму се и ректорите од универзитетите од Скопје, Битола, Тетово, Штип и Охрид, како и претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Претседателите на соседните земји Илир Мета, Румен Радев, Хашим Тачи, Александар Вучиќ беа во Собранието, како и функционери од Грција, Словенија, Црна Гора и странски дипломати.

Можеби ќе ве интересира

СЕМЕЈНО НАСИЛСТВО ВО ВЕЛЕС – 82-годишен маж приведен по пријава дека ја нападнал сопругата со дрвен предмет

ДЕСК

ПРИВЕДЕН ОСОМНИЧЕН ЗА КРАЖБИ НА ВЕЛОСИПЕДИ – Полициска акција во скопски Карпош

ДЕСК

НЕДОРАЗБИРАЊЕ ПРЕРАСНАЛО ВО ТЕПАЧКА – Инцидент во скопска Кисела Вода

ДЕСК