24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Ниту една метла не може да ја надомести штетата на Заев, Тевдовски и Анѓушев

Ниту една метла, ниту една оставка не може да ја надомести штетата која Зоран Заев, Тевдовски и Анѓушев ја нанесоа на македонската економија за две години власт, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.

„Сите економски показатели укажуваат на фактот дека македонската економија тоне, тоне поради погубните економски политики на криминалната и одродена власт на Зоран Заев. Додека граѓаните се борат за парче леб, функционерите на власта ги бројат милионите на своите сметки, заработени преку криминални тендери и грантови на грбот на граѓаните.

Додека некој се богати од буџетската сметка, во Македонија над 500 илјади граѓани живеат со еден оброк на ден, живеат на прагот на сиромаштијата“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Речиси секој ден, додава опозицијата, Зоран Заев ги задолжува македонските граѓани за милионски суми.

„СДСМ за две години потроши 7 милијарди евра буџетски пари, а притоа не реализираше ниту една крупна капитална инвестиција. Каде се парите на граѓаните, за каква цел се потрошија неверојатни 7 милијарди евра државни пари. Во првите три месеци од нова година, владата на СДСМ реализацијата на капиталните инвестиции остана закована на дното. Ништо подобра реализацијата на капиталните инвестиции не беше ни минатата година Останува мистерија каде се потрошени над половина милијарда евра пари на граѓаните, сума за која власта се задолжи кај странските и домашните кредитори.

Младинската невработеност во Македонија е највисока во регионот и во Европа, а од ден во ден се поголем број на граѓаните се решаваат трајно да ја напуштат државата. На овој економски холокауст, мора да се стави крај, СДСМ мора да си замине, Македонија заслужува подобро“, додава ВМРО-ДПМНЕ во соопштението.