Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: Извозот на земјоделските производи е зголемен за 8 отсто во однос на лани

Зголемувањето на извозот на земјоделските производи од 7,7 отсто во првиот квартал е доказ за исправноста на земјоделските политики на Владата предводена од СДСМ, велат од владејачката партија преку соопштение.

„Инвестициите во земјоделството, зголемените и навремени субвенции за земјоделците, конкурентното производство, даваат реални резултати во унапредувањето и развојот на земјоделството.

Според официјалните податоци, извозот на земјоделски производи во првиот квартал од 2019 година е зголемен за 8 отсто во однос на 2018 година, односно во апсолутни бројки, извозот е за 42,2 милиони евра поголем во однос на првите три месеци од минатата година.

Со формалното членство во НАТО и интеграцијата во ЕУ, се отвораат можности за пристап до нови пазари, пристап до нови знаење и технологии што директно ќе придонесе за развој на поконкуретно производство, зголемен извоз и повеќе пари кај граѓаните“, додава СДСМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Креиравме вин-вин ситуација, да го исполниме чекорот во енергетика од Реформска агенда и да обезбедиме поевтина цена за електричната енергија за граѓаните

ДЕСК

Јаневска: бројот на ученици е намален, но сите наставници ќе ги задржат работните места

ДЕСК

Културата како основа на демократијата и заедништвото

ДЕСК