Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ може да бара алиби колку сака, факт е дека загуби на кристално чисти избори

Реалноста што ВМРО-ДПМНЕ ќе мора да ја прифати е дека нивниот деструктивен концепт и нивната кандидатка Гордана Сиљановска загубија на фер, слободни и демократски претседателски избори, велат од СДСМ како реакција на изјавата на Наум Стоилковски, кој обвини за нерегуларности и изборен инженеринг во вториот круг.

Од владејачката партија истакнуваат дека ВМРО-ДПМНЕ може да бара алиби колку сака, но факт е дека сите домашни и странски набљудувачи констатирале дека државата организирала демократски избори.

„Мисијата на ОБСЕ/ОДИХР соопшти јавно дека ‘сите учесници можеа да водат кампања без попречувања, а темелните слободи се почитуваа’ напоменувајќи дека ‘државните функционери и натаму правеа јасна разлика меѓу нивните службени и политички активности’, се наведува во партиската реакција.

Во неа се додава и дека прелиминарните наоди на ОБСЕ/ОДИХР покажуваат и нешто друго.

„На страница 5 од наодите и заклучоците е констатирано дека кандидатката на Мицкоски, Гордана Сиљановска-Давкова, наместо два како што е пропишано со Закон, поднела само еден периодичен извештај пред денот на изборите во првиот круг. Некои стари навики на ВМРО-ДПМНЕ очигледно не се менуваат“, констатираат од СДСМ, истакнувајќи дека освен што е поднесен само еден финансиски извештај, истиот и не дава реална слика за трошоците.

Од владејачката партија порачуваат наместо да бараат оправдувања за поразот, од ВМРО-ДПМНЕ да ги објаснат овие наоди.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.