16. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Ја отпуштиле од работа – Вработена во градинка ќе одговара пред македонската полиција

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против 41-годишната Л.В. од Крива Паланка и 32-годишната М.Т. од село Конопница, кривопаланечко, поради постоење основи на сомнение поради сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.

Во периодот од 10.02.2017 година до 14.02.2017 година, второпријавената во својство на правник на детска градинка „Детелинка“ во Крива Паланка, по усна наредба на првопријавената – в.д директор на градинката, извршила корекција во оргиналниот договор за вработување на определено работно време од една година склучен со В.С.(46) за работно место-неговател во наведената институција, по што таа била отпуштена од работа на 29.12.2017 година, односно месец и половина порано од времето за кое склучила договор.

Можеби ќе ве интересира

АХВ се вклучи во одбележувањето на 16 октомври Светски ден на храната

ДЕСК

СВР Битола со АПЕЛ до граѓаните да не наседнуваат на телефонски измами за лажни сообраќајни несреќи

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД – Објавено метео предупредување

ДЕСК