На крстосницата од скопските улици Скоевска и Радишанска, во утринските часови на 7 мај се случила сообраќајна несреќа, во која тешко била повредена жена пешак.
Како што информираат од МВР, товарно возило „фолксваген ап“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 45-годишен скопјанец, удрило во пешак, 83-годишна жена од Скопје.
Жената добила тешки повреди, а возачот на „фолксвагенот“ ја пренесел во Градската општа болница „8 Септември“, каде што ѝ била укажана лекарска помош.
Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.