23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

МВР расчистува дали има фалсификат во ИВЗ

Во врска со последните случувања во Исламската верска зедница и обвинувањата меѓу двете спротиствени страни околу тоа кој е поглавар на оваа верска заедница, поконкретно околу обвинувањето од страната на Сулејман Реџепи дека страната на Скендер Бузаку се послужила со фалсификувани документи во судска постапка, од Министерството за внатрешни работи велат дека работат на расчистување на случајот.

„МВР прибира информации и докази и во консултација со ОЈО ќе превземе понатамошни мерки во врска со случајот ИВЗ“, велат од полицијата.

Пред десетина дена, Скендер Бузаку, повикувајќи се на судска одлука од судот во Скопје се обиде да го преземе раководењето со Исламската верска заедница, но овој обид помина неуспешно, а актуелниот поглавар Сулејман Реџепи го обвини дека користи фалсификувани документи.