23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Заев, Димитров и Пендаровски од Битола: Напревате нов чекор напред за децата и иднината, Силјановска е скриено лице на режимот

Ниту една празна флоскула ниту едно оправдување, ниту едно празно обвинување не го сокрива фактот дека Државната комисија за спречување корупција, отвори предмети против Христијан Хидро Мицкоски за неговите хидроцентрали.

Мицкоски уште еднаш не понуди ништо, ниту еден проект ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Мицкоски и неговата кандидатка Гордана Сиљановска 11 години молчеа за криминалот на Никола Груевски и фамилијата, молчеа за неправдите а денес со ист жар го бранат криминалот.

Сиљановска и Мицкоски се новото лице на стариот режим кои сакаат да ја вратат државата назад во темното минато на изолација, криминал и неизвесност.

Граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 5 мај повторно ќе ги поразат нивните деструктивни намери и ќе стават конечен крај на груевизмот чии остатоци се Мицкоски и Сиљановска.

Граѓаните ќе изберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски кој ќе води напред,Мицкоски нека се спрема за пораз.