10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски е новото лице на стариот режим, заедно со Сиљановска нека се спремаат за пораз, порачаа од СДСМ

-Ниту една празна флоскула ниту едно оправдување, ниту едно празно обвинување не го сокрива фактот дека Државната комисија за спречување корупција, отвори предмети против Христијан Хидро Мицкоски за неговите хидроцентрали, велат од СДСМ.

– Мицкоски уште еднаш не понуди ништо, ниту еден проект ниту една мерка во интерес на граѓаните.

Мицкоски и неговата кандидатка Гордана Сиљановска 11 години молчеа за криминалот на Никола Груевски и фамилијата, молчеа за неправдите а денес со ист жар го бранат криминалот.

Сиљановска и Мицкоски се новото лице на стариот режим кои сакаат да ја вратат државата назад во темното минато на изолација, криминал и неизвесност.

Граѓаните нема да им го дозволат тоа. На 5 мај повторно ќе ги поразат нивните деструктивни намери и ќе стават конечен крај на груевизмот чии остатоци се Мицкоски и Сиљановска, порачаа СДСМ.

Граѓаните ќе изберат вистински претседател, ќе го изберат Стево Пендаровски кој ќе води напред,Мицкоски нека се спрема за пораз.

Спонзорирано: