24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сиљановска призна дека нејзиниот сопруг купил куќа од државата додека била министерка, се потврди дека таа е транзициски профитер, порачаа од СДСМ.

– Гордана Сиљановска денеска призна дека додека била министерка во Владата, нејзиниот сопруг купил станбен простор во државна сопственост во центарот на Скопје, се вели во соопштението на СДСМ, по вчерашната Истражувачка сторија отвора сомнежи како е стекнат имотот: Додека Сиљановска била министерка во Владата, нејзниот сопруг од државата купува куќа во центарот на Скопје
на Centar.mk

– Кандидатката на Христијан Мицкоски, Сиљановска уште еднаш потврди дека е пример за транзициски профитер. Додека таа била министерка во Владата, нејзиниот сопруг добил профитабилен бизнис со фри шоп, а потоа купил куќа од државата, што е оправдано сомневање за постоење на непотизам и конфликт на интереси.

Пред граѓаните, Сиљановска мора да одговори која била нејзината улога во купопродажбата на станбен простор од над 100 квадратни метри на атрактивна локација во Скопје, велат од СДСМ.