Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Последен ден од претседателската кампања, од полноќ изборен молк

Кандидатите за претседател, Стево Пендаровски и Гордана Сиљановска Давкова ќе го поминат денешниот последен ден од кампањата за петти претседател на државата, убедувајќи ги граѓаните да гласаат за нив во недела.

На трибината за повик на гласачите на ДУИ да излезат на гласање, што се одржа синоќа во Скопје, лидерот на партијата, Али Ахмети им порача на гласачите да не паѓаат во стапица и дека Талат Џафери е претседател на Собранието и тој нема да биде идниот шеф на државата доколку има бојкот на изборите на 5 мај. Ахмети рече дека ДУИ има од 100 до 150.000 гласачи и дека е сигурен оти сите до еден ја разбрале идејата и дека ќе му дадат поддршка на консензуалниот кандидат за претседател на државата, Стево Пендаровски.

Блерим Река, кој исто така беше кандидат за претседател, кој се натпреваруваше во првиот круг, вчера повика на масовен одзив на 5 мај, за да се спаси евро-атлантскиот процес.

Можеби ќе ве интересира

Бран физички напади во Скопје во една ноќ, полицијата со полни раце работа

ДЕСК

Полицијата на нозе – се трага по исчезнат велешанец

ДЕСК

Работна несреќа во Пробиштип, тешко повреден работник итно пренесен во болница

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.