23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ќе прифати ли Ѓорге Иванов пензија и привилегии потпишани од Република Северна Македонија?

Последниве месеци не потпиша ниту еден Закон. Поради него методологијата на утврдување на цените на горивата ќе доживее комплетни промени, што може да значи и поскапи горива во иднина.

Непотпишани серија законски решенија донесени со мнозинство во Собранието, меѓу кои и оние за Купи куќа купи стан. И сето ова поради промената на името. Тој е единствениот функционер чија институција се уште го користи поранешното Уставно име, Република Македонија и во ниту еден случај не го прифаќа Северна Македонија.

Но дали ќе остане таков “патриот” и понатаму? Дали ќе се откаже од привилегиите кои му следуваат како поранешен претседател, а тоа е солидна пензија, но и буџет со кој ќе може да има понатамошен политички ангажман во својство на екс-претседател.

На Иванов согласно Законот му следува буџет со кој ќе може да има своја канцеларија, свој кабинет, секретарка, возило, лично обезбедување и сето тоа на трошок на државата, а во висина од 8 проценти од вкупниот годишен буџет на новиот претседател.

Сепак за да ги користи овие привилегии тој ќе мора пензијата да ја прима од Буџетот на Република Северна Македонија, а не од Република Македонија, како и сите привилегии, а неговиот кабинет ќе го носи името “Кабинет на поранешен претседател на Репбулика Северна Македонија”.

Иванов, како што потврдија од Владата, веќе се интересирал за привилегиите кои му следуваат во својство на екс-претседател, но досега не поднел барање.

Останува отворено прашањето дали Иванов ќе остане “патриот” до крај или пак ќе одолее на атрактивните привилегии, кои во моментов ги користи екс-претседателот на Бранко Црвенковски.