Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

По сонцето невреме – Детална четиридневна прогноза

Денеска ќе се задржи стабилно и суво, на крајниот запад со услови за краткотраен дожд.

Во вторник од претпладне ќе дува особено во западните делови засилен западен ветер и ќе има услови за краткотрајна нестабилност преследена со пороен дожд и грмежи.

Потоа ќе продолжи период на малку посвежо време со повремено зголемена облачност и краткотраен пороен дожд претежно попладне. Преодно постабилно време се очекува во петок кога и температурите малку ќе се покачат.

Прогноза за 30.04.2019
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°С до 23°C
Преку денот со зголемена облачност, а од запад ќе се прошират врнежи кои понекаде ќе се проследени со ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен западен ветер најизразен во западните делови.

Прогноза за 01.05.2019
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 14°C до 23°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со појава на локален дожд во планинските региони. Ќе дува умерен, до краткотрајно засилен западен ветер.

Прогноза за 02.05.2019
Минимална температура: 3°C до 10°C
Максимална температура: 15°C до 22°C
Сончево со мала до умерена облачност, попладне со локален дожд. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Можеби ќе ве интересира

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

C +

Денеска дожд, од утре сонце

C +

Македонија нема, не планира и не преговара за отворање мигрантски кампови, порача ВМРО-ДПМНЕ

C +
error: Соддржината е заштитена.