Љубовта може да победи сe освен рчењето. Новите истражувања покажуваат дека жените годишно губат три недели сон поради рчењето на нивниот партнер, третина од нив на крајот одат да спијат и во друга соба
Иако според истражувањата мажите ги бркаат жените од креветот со своето неподносливо рчење, сепак постојат и спротивни случаи. Во британската студија околу 39 проценти од испитаниците губат час и половина сон секоја ноќ поради рчењето на партнерот. Кога ќе се соберат часовите годишно се губат 23 дена.
Од 2500 анкетирани мажи и жени, 24 проценти се пожалиле дека жените ги будат за да престанат да рчат, а 41 процент од жените изјавиле дека мажите ги вознемируваат со рчењето.
Експертите предупредуваат дека силното и гласно рчење, најчесто е медицински проблем.