Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Никогаш да не се повтори 27. април

Никогаш да не се повтори 27 април, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците, велат од Социјалдемократскиот сојуз на Македонија по повод упадот во законодавниот дом што се случи на денешен ден пред две години.

„На денешен ден пред двe години се случи најцрниот чин во историјата на демократијата кога насилници поттикнати од ВМРО-ДПМНЕ насилно упаднаа во Собранието и се обидоа да убијат пратеници и новинари. Дури и по цена на убиство на пратеници и граѓанска војна, режимот на ВМРО-ДПМНЕ одбиваше да дозволи мирен трансфер на власта. Атмосферата на национализам, насилство и линч што ВМРО-ДПМНЕ со месеци ја спорведуваше резултираше со терористичко загрозување на безбедноста, за што веќе има и правосилни судски пресуди“, велат од СДСМ утрово преку соопштение.

На овие избори, додава СДСМ, гласот за Сиљановска е глас за насилството и насилниците од 27 април, гласот за Сиљановска е глас враќање на темното време на репресивниот режим на ВМРО-ДПМНЕ.

Можеби ќе ве интересира

ДЕТАЛНА ПРОГНОЗА ЗА СЛЕДНИТЕ 4 ДЕНА: Сончево време до крајот на седмицата, но утрата кријат замка – Еве каде ќе има магла

ДЕСК

Утре седница на ЦО на СДСМ и избор на ново партиско раководство, најави Филипче

ДЕСК

Филипче: Не е донесен ниту еден реформски закон, но затоа имаме партизација на секое ниво

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.