До сабота ќе преовладува топло време со значителен пораст на температурата на воздухот.
Претпладне ќе биде сончево, а во попладневните и вечерните часови наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер. Особено поинтензивни процеси на повеќе места ќе има во сабота.
Прогноза за 27.04.2019
Минимална температура: 7°C до 13°C
Максимална температура: 18°С до 25°C
Сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме и ќе има појава на град и засилен ветер
Прогноза за 28.04.2019
Минимална температура: 6°C до 12°C
Максимална температура: 18°C до 26°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер.
Прогноза за 29.04.2019
Минимална температура: 5°C до 10°C
Максимална температура: 17°C до 25°C
Сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен југозападен ветер.