23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Втори и седми мај ќе бидат работни – одлучи Владата

Втори и седми мај, сепак, ќе бидат работни денови, соопшти денес владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

Иако претходно се споменуваше можноста седми мај да биде неработен ден поради посетата на папата Франциск во Скопје, Владата на денешната 131. владина седница одлучи седми мај да биде работен ден.

Во текот на неговата посета на Скопје, Поглаварот на римокатоличката црква ќе ја посети Спомен-куќата на Мајка Тереза и ќе одржи миса на плоштад Македонија. Поради неговата посета, тој ден се очекува да биде затворен за сообраќај голем дел од центарот на градот.