13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Периодов „врие” од неработни денови – По Велигден и Први Мај уште неколку слободни дена

Иако изгубивме неколку слободни денови, како за Водици, сепак има и многу споени викенди оваа година, а еден од нив следи за задутре за Велигден, по што ни следи и Први мај.

Мај ќе биде и препознатлив по повеќе неработни дена како пример споениот викенд од 24 до 26 мај.

Инаку ова се и останатите неработни денови до крајот на оваа година.

За сите граѓани на РМ

29 април (понеделник), Велигден, вториот ден на Велигден според православниот календар

1 Мај (среда), Ден на Трудот

23 мај (четврток), првиот ден на Рамазан Бајрам

24 Мај (петок), „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

2 Август (петок), Ден на Републиката

8 Септември (понеделник), Ден на независноста

11 Октомври (петок), Ден на народното востание

23 Октомври (среда), Ден на Македонската револуционерна борба

8 Декември (недела), „Св. Климент Охридски”, односно 9 декември (понеделник)

***Доколку државните празници и празниците на РМ паѓаат во недела, наредниот ден се смета за неработен.

За граѓаните од православна вероисповед

26 април (петок), Велики Петок, петок пред Велигден

14 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

28 август (среда), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

21 април (недела), Велигден-Католички

1 Ноември (петок), Празникот на сите светци

25 декември (среда), првиот ден на Божик

За граѓаните од муслиманска вероисповед

11 август (недела), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ

22 Ноември (петок), Ден на Албанската азбука

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ

23 Мај (четврток), Национален ден на Власите

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ

9 октомври (среда), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ

28 Септември (сабота), Меѓународен ден на Бошњаците

Спонзорирано: