Граѓаните во првиот круг од престедателските избири покажаа дека не сакаат нов Ѓорге Иванов, не сакаат нов партиски послушник што ќе работи спротивно на нивните интереси, соопштија утрово од СДСМ.
– Гласот за Гордана Сиљановска на 5-ти мај е глас за да се врати режимот на Никола Груевски.
Гласот за канидадатката на Христијан Мицкоски е глас за одбрана на насилниците и насилството од 27 април
Гласот за Сиљановска е глас за враќање во темното минато на поделби, конфликти, неправда и неказнивост.
Граѓаните нема да го дозволат тоа, нема да дозволат да се врати режимот на Груевски, да се вратат неправдите и поделбите.
На 5 мај, граѓаните ќе ги потврдат промените и уште помасовно ќе го поддржат концептот предводен од Стево Пендаровски што води напред кон иднина во ЕУ и НАТО.
На 5 мај граѓаните ќе изберат нов, вистински претседател, ќе изберат напредок. Заедно напред, се вели во соопштението на СДСМ.