23. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Илон Маск вели дека „Тесла“ ќе има роботакси-возила в година

Извршниот директор на „Тесла“, Илон Маск, на настан за инвеститори најави дека очекува компанијата да работи со роботакси-возила в година.

Возилата што комплетно самостојно ќе управуваат ќе се натпреваруваат со сервисите како „Убер“ и „Лифт“. Роботакси-возилата ќе заработуваат тогаш кога сопствениците на „Тесла“ нема да го користат возилата.

Програмата на „Тесла“ ќе му дозволи на сопственикот да го изнајми своето возило со тоа што дел од приходите ќе одат кај „Тесла“, а преостанатиот дел од средствата кај сопственикот на возилото.

„Од финасиски аспект е лудо да купиш нешто друго, освен од ‘Тесла’“, рече Маск. ,„Тоа ќе биде како да имате коњ за три години“.

„Тесла“ предвиде дека роботакси-возилата ќе траат 11 години, ќе возат 1 милион милји и ќе остварат бруто-профит од едно возило од 30.000 долари годишно. Тоа е уште една агресивна прогноза од Маск за технологијата на „Тесла“. Тој рече дека очекува да ги убеди регулаторите до крајот на следната година дека самостојните возила се побезбедни отколку кога се управувани од човек.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА РАСТ НА ПЕНЗИИТЕ: Дали линеарното зголемување од 1.000 денари во септември ќе го изеде инфлацијата и скапотијата?

ДЕСК

Три концесии за експлоатација на минерални суровини еднострано раскинати – Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини и Владата ја засилуваат контролата

ДЕСК

ДОДЕКА ИНФЛАЦИЈАТА ГАЛОПИРА, ПАЃА ПРОСЕЧНАТА ПЛАТА: Во јуни била 45.469 денари, помалку за околу 300 денари од претходниот месец

ДЕСК