Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Поднесено обвинение против родителите чии деца загинаа во пожар во Велес

Против мајката и таткото, чии деца во јуни минатата година загинаа во пожар во куќа во Велес, е поднесено обвинение за запуштање и малтретирање дете. Двајцата се осомничени дека не се грижеле за своите деца на возраст од 4, 2 и 1 година и дека ги оставале сами во домот подолг период од денот. Пожарот во кој тие ги изгубија жвотите настанал во моментот кога децата биле оставени сами во куќата.

Жената на возраст од 38 години е мајка на трите деца, а мажот на возраст од 46 години е татко на детето на возраст од една година.

„Двајцата обвинети на 20.6.2018 година грубо ја запоставиле својата должност за грижа и воспитување и ги запуштиле трите деца така што подолго време од денот ги оставиле децата сами во куќата во која живееле, а која ја сочинувала само една просторија. Се работи за деца што според својата возраст не можеле да се грижат сами за себе“, велат од Обвинителството во Велес.

Со тоа што ги оставиле сами во куќата, велат од Обвинителството, обвинетите постапиле крајно несовесно и не воделе сметка за нивниот живот и нивното здравје, а во временскиот период во кој децата биле оставени сами во куќата избувнал пожар во кој трите деца ги загубиле животите.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ остро и недвосмислено го осудува насилството врз млада девојка во Охрид, никој не е над законот и сите институции мора да постапат во согласност со законите

ДЕСК

УЖАС ВО ОХРИД – 26-годишна девојка изгубила свест по напад од нејзиното момче, кривична пријава против 31-годишникот

ДЕСК

ВНИМАТЕЛНО НА ПАТОТ КИЧЕВО – ОХРИД – Градежните работи продолжуваат, сообраќајот се одвива со девијации

ДЕСК