13. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Задоволен сум што мнозинството граѓани гласаа за напредок, ги разбирам и граѓаните кои не излегоа, очекувам победа на 5-ти мај

Сакам уште еднаш да се заблагодарам на сите оние кои вчера достоинствено и демократски излегоа на гласање. Очекувам убедлива и недвосмислена победа во вториот круг и кончено Македонија да добие претседател на сите граѓани, рече заедничкиот претседателски кандидат Стево Пендаровски.

– Задоволен сум дека во првиот круг мнозинството граѓани гласаа за напредна и европска Македонија. Гласаа за заедништво, за напредок и сигурна иднина. Ги разбирам и граѓаните кои решија да не излезат на гласање и на тој начин да упатат порака. Тоа е нивно право и верувам дека пораката од страна на политичарите е примена.

Но, јас сум убеден дека најголем дел од нив даваат поддршка за европската иднина на нашата земја. Би сакал да им порачам дека на 5 мај е последниот датум кога ќе можат да ја потврдат оваа нивна заложба и да ја обезбедат својата иднина. И убеден сум дека за две недели ќе излезат и ќе гласаат за мене и за политичката опција која ја претставувам и на тој начин одговорно ќе ја поведат земјата напред.

Би сакал исто така да им се обратам директно и на оние граѓани кои гласаа за господинот Блерим Река. Од нив ја очекувам поддршката за вториот круг и ги повикувам масовно да излезат на гласање. Знам дека тие ја поддржуваат во огромен број мојата визија за европска и интегрирана Македонија, наспроти ревизијата на се што постигнавме и блокадите кои ги најавува Сиљановска. Ги повикувам да излезат и да гласаат по свое убедување онака како што мислат и веруваат дека е правилно. Од нивниот глас зависи каков курс ќе заземе нашата земја по 5 мај.

Од денес ја продолжувам мојата кампања до конечна победа. На 5 мај ни е потребна максимална политичка, граѓанска мобилизација и поддршка за концептот кој ја води оваа земја напред. Продолжувам уште посилно на терен да се сретнам со што повеќе граѓани и да ја пренесам пораката дека 5 мај е последниот датум за да избегнеме нови поделби, нови блокади и застој на патот кон ЕУ, потенцираше Пендаровски.

Можеби ќе ве интересира

Хелсиншкиот комитет остро реагира против говорот на омраза во изборниот процес

ДЕСК

Прегазено седумгодишно дете во Скопје

ДЕСК

Детали за трагичната сообраќајка на патот Штип-Велес – Еден загинат, додека младо момче повредено

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.