1. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Пендаровски: Концептот Заедно Напред води во првиот круг, заедно ќе победиме на 5 мај

Интегрално ја објавуваме изјавата за медиумите на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски:

Драги граѓани,
Благодарам!
Благодарам за мнозинската поддршка што ми ја дадовте, мене и на овој концепт Заедно Напред, уште во првиот изборен круг.
Јасно е, мнозинската поддршка е од граѓани Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други…
ВОДИ КОНЦЕПТОТ ЗАЕДНО! Тоа е дел од единствениот успешен концепт за сите нас и за нашата држава.
КОНЦЕПТОТ ЗАЕДНО ЌЕ ПОБЕДИ ВО ВТОРИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 05.МАЈ.
Јасно е, мнозинството граѓани, Македонци, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Власи, Роми, други… се изјаснија дека сакаат Напред. Тоа е другиот дел од успешниот концепт за сите нас и за нашата држава.
КОНЦЕПТОТ ЗАЕДНО НАПРЕД ЌЕ ЈА ЗАОКРУЖИ ПОБЕДАТА НА ВТОРИОТ КРУГ ОД ПРЕТСЕДАТЕЛСКИТЕ ИЗБОРИ НА 05.МАЈ.
Денешното гласање помина во демократски дух. Очекувам така и да продолжиме и на 05.мај да ги финишираме овие избори, затоа што ЗАЕДНО НАПРЕД НЕ Е САМО КОНЦЕПТ, ТУКУ И АКЦИЈА.
А ЈАС ЕДВАЈ ЧЕКАМ ДА СЕ ФАТАМ ЗА РАБОТА НА ПАТОТ КОН ЕВРО-АТЛАНТСКА И ЕКОНОМСКИ РАЗВИЕНА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА, ЗА СИТЕ, ОД ПОЗИЦИЈАТА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ДРЖАВАТА, ЗАТОА ШТО 10 ГОДИНИ ОВАА ЗЕМЈА НЕМАШЕ ПРЕТСЕДАТЕЛ.
Да не и го правиме тоа повеќе на нашата држава.
Изборот во вториот круг од претседателските избори е стеснет од три кандидати на два претседателски кандидата, ама изборот ќе биде полесен. Зошто? Затоа што разликата помеѓу мене и Гордана Силјановска е голема. И верувам дека тоа ќе придонесе за уште поголема одлучност и тоа во прилог на концептот Напред, затоа што знаеме, Назад не е опција, туку блокада и криза.
Сакам да се обратам посебно до граѓаните кои гласаа за кандидатот Блерим Река, до неодлучните, како и до оние кои гласаа за Силјановска, но внатрешно се свесни за штетите што ги носи тој концепт на поделби и враќање назад.
Знам дека знаете што е исправно за државата, за вас и најважно, за децата. Ваши, наши, тие се деца на нашата заедничка иднина.
Прогресивниот концептот Едно општество за сите мора да продолжи, за да живееме заедно спокојно.
Прогресивниот концепт Евро-атланстски интеграции мора да продолжи, за да живееме во стабилна и напредна држава.
Прогресивниот концепт, Економски разиена држава, е можен само ако се реализираат и првите два концепта.
Ќе разговараме за ова и во следните две недели.
Секој треба да учеаствува во позитивните промени.
Подавам рака кон сите.
Ќе бидам европски претседател на сите граѓани, во европска Република Северна Македонија.
Ајде Заедно Напред!