Драги граѓани, победивме, вака пред јавноста се обрати вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Тој рече дека победиле и во Ново Село и во Охрид, каде ќе одат во втор круг.
– Ги победивме, но не целосно ги поразивме. Затоа е неопходен вториот круг. Ја победивме хотел коалицијата. Доаѓа правдата за Македонија. Оваа победа е велика затоа што е на народот и е во вистински момент. Од денес Македонија има нова реалност. Победи коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот наспроти однародената власт предводена од Зоран Заев и СДСМ. Власта е делегитимирана. Почна падот на Зоран Заев. Секој треба да е свесен за тоа. Македонската пролет доаѓа. Цело Скопје е вмровски град – изјави вечерва Мицкоски.
Ајде да ги поразиме, повика тој.
– Гордана е идниот претсетдател на Македонија. Ајде сите да се обединиме во вториот круг околу идниот претседател Гордана Силјановска Давкова – рече тој.