Ако ги земеме гласовите што ги добивме ние, но и оние на господинот Река, јасно е дека победивме со повеќе од 70.000 гласови, рече Гордана Силјановска Давкова на првото обраќање од седиштето на ВМРО ДПМНЕ.
Таа рече дека Пендаровски е истрошен и наследен од комунизмот.
Таа се смета себеси за нов политичар кој ѝ треба на Македонија.
Знам дека допрва следи битката, но мислам дека ако ние добивме толку гласови и Река како независен толку, приказната е јасна, и двајцата зборувавме за правдата и тоа е вистинската приказна , рече Силјановска.