23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

МОСТ објави серија нерегуларности во врска со изборите

Според потврдените информации, добиени од набљудувачите и регионалните канцеларии на МОСТ:

• Фотографирање на гласачките ливчиња е забележано на 3 гласачки места – ГМ 1515 во село Обршани, општина Кривогаштани, ГМ 1969 во Тетово и ГМ 1080 во с. Тромеѓа, општина Куманово. Во сите овие случаи забележана е соодветна реакција на ИО и на полицијата. ИО направиле записници, а полицијата ги привела овие гласачи.
• На ГМ 2778 во општина Кисела Вода, додека ИО проверувал дали одреден гласач бил запишан во Избирачкиот список, истиот веќе гласал, но пред да го стави ливчето во кутијата ИО увидел дека гласачот не е запишан во ИС. ИО не му дозволил да го стави ливчето во гласачката кутија, туку по консултација со ОИК, ИО истото го поништил со откинување на долниот десен агол.
• На ГМ 0497 во с. Ново Село, општина Маврово и Ростуша, откинати се 8 гласачки ливчиња заедно со серискиот број. ОИК го инструирала ИО, кога ќе заврши гласањето, серискиот број на тие ливчиња да биде откинат и да биде залепен на кочанот.
• На ГМ 0771, с. Козица, општина Кичево, кое се наоѓа во иста просторија со ГМ 0770, гласачко ливче od 0771 по грешка е ставено во гласачката кутија за ГМ 0770. ОИК дала инструкција случајот да биде внесен во записник.
• НА ГМ 0219, с. Добрушево, општина Могила, гласач ја турнал гласачката кутија при што една од сигурносните ленти се скинала. Биле повикани ОИК и полицијата при што лицето било приведено. Гласањето било прекинато во период од 20 минути, по што истото продолжило.
• На ГМ 0947 во Крива Паланка, 3 граѓани не биле запишани во Избирачкиот список, додека на ГМ 1320 во с. Велмеј, општина Дебарца, бројот на вакви граѓани е 10.

Според податоците добиени од ПВТ програмата (паралелно сумирање на гласовите), која претставува математичко-статистички научен метод, одѕивот на гласачите до 14 часот е 25,1%, до 15 часот е 28,7%, до 16 часот е 31,8%, до 17 часот е 34,9%, додека до 18 часот е 38,2%.