24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Полицијата приведе 58 мигранти

На 20.04..2019 година во 12.30 часот на автопатот Гевгелија- Скопје, после клучка Смоквица, при контрола на возило „Форд транзит“ со скопски регистарски ознаки, полициски службеници пронашле 58 мигранти од кои 56 од Пакистан и двајца од Сирија. При запирање на возилото, возачот побегнал. Во 12.45 часот на влезот во Гевгелија било сопрено возило „Фолксваген голф“ кое се движело пред возилото во кое биле мигрантите и поради основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“ биле приведени Д.Ј.(22) од Богданци и Ѓ.И.(27) од Гевгелија.

По преземени мерки било приведено и лицето К.Р.(34) од Косово, поради сомнение за кривичното дело „криумчарење мигранти“. Мигрантите биле предадени во Прифатниот центар Гевгелија и се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.