Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Едно лице приведено во Аеродром, го фотографирало гласачкото ливче

Едно лице е приведено во Скопје за време на гласањето на претседателските избори, бидејќи го фотографирало гласачкото ливче, потврдуваат од МВР.

Инцидентот се случил на гласачко место во градинката „Лале Срничка“ во Општина Аеродром.

,,Во 9.05 часот, на гласачко место во градинката „Лале Срничка“ во општина Аеродром- Скопје, претседателот на избирачкиот одбор го забележал Р.Ѓ.(36) од Скопје како со мобилен телефон го фотографирал гласачкото ливче. Р.Ѓ. е приведен и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава”, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

МВР со важно известување до граѓаните во врска со “Сејф сити”

ДЕСК

Директорите на македонска и корејска Царина: Царинска управа се етаблира како лидер на Балканот со напреден систем за анализа на ризик и податочен склад

ДЕСК

Градоначалникот Коњановски ја прими амбасадорката на Израел

ДЕСК